Прекрасните девојки од Сплит со широка насмевка го дочекаа топлото време за да можат низ улиците на својот град да ги покажат нивните најубави комбинации.
Токму таму, тие ја покажаа неверојатната креативност кога станува збор за стилот и изборот на секогаш совршени тренди парчиња.
Главниот акцент оваа пролет тие го ставија на модните додатоци што ги разубавуваат и наједноставните комбинации составени од фармерки и маички.
Тренди девојките од Сплит ги обожаваат и чантичките со реси во стилот на 70 – тите, минијатурните клач чантички во пастелни бои, патики во колор блок нијанси и апсолутно сите верзии на получизми што ги комбинираат со секое парче од плакарот.
Во продолжение во галеријата погледнете ги фотографиите направени од Соња Дворник на модниот портал buro 24/7.hr.