Раде Василев и Фросина Настевска се одговорните костимографи кои визуелизираа гламур и „свесен кич“, инспирирани пред се танцот, музиката, филмот, театарот. Македонскиот тим кој работи на костимите е мал, но, лојален и многу ефикасен. До крајот на оваа прва сезона од шоуто,ќе се изработ 200 костими без многу импровизација туку со конкретна замисла. Младата дипломирана костимографка Фросина Настевска која е асистент на главниот костимограф Василев,објаснува дека на проектот му пристапила со голема доза на ентузијазам и професионална соработка со целиот тим.
-Костимите ги избираме во согласност со музиката и кореографијата која ја избира конкретната танцова двојка. Сите костими имаат специфична изработка и материјали, ориентален акцент со сјајни текстури што впрочем и бара ова шоу. Кога дознав дека ќе работам како асистент на костимографија бев многу возбудена, а низ емисиите научив многу, но го воведов во пракса и моето претходно искуство, се разбира со помош на одговорниот костимограф Раде Василев. Стандардните и латино американските танци се специфични сами по себе, така што секој костим има одредена линија која ја нагласува кореографија. Комплетно за целата сезона на шоуто се изработени околу 200 костими на кои работеше еден мал тим.
Ѕвездите трпат сугестија, но, има костими кои се провокатвни и покажуваат повеќе кожа на танчарот, некои од нив се малку несигурни во себе, а најлесни за соработка се дефинитивно актерите кои знаат да го износат костимот во вистинското светло,сепак наоѓаме заеднички јазик со сите учесници,раскажува Настевска.
Лото девојката, Маријана Станојковска и пејачката Викторија Лоба велат дека досега немале можност да носат танчарски костим, а вистинското доживување на самата креација го имаат токму кога ќе заиграат на сцена.
-Досега сум немала можност да имам на себе вакви костими,ова е голем проект во кој носам различен стил на костими во кои одлично се чувствувам.Многу сум благодарна на целиот тим и костимографот што работи со нас,променив многу од костимите, од раскошни тоалети па се до разголени за латино танците. Многу е убаво чуството да облечеш специфичен костим кој дополнително те стимулира за да заблескаш на сцена.За мене костимот многу значи, а досега гладечите сигурно го забележаа тоа на телевизија. Имаме взаемна соработка со одговорниот костимограф,но, ако јас имам некоја замисла, доколку е возможна секогаш ја спроведуваме,вели Марјана.
-Се доживував неверојатно во секој костим што го носев на „Танц со ѕвездите“, ми се допаѓаат пастелните нијанси во кои според мене најмногу се отсликува мојата личност и карактер.Сите учесници на ова шоу се специјални кога излегуваат на подиумот а заслугата е на костимографот или „волшебникот“ како што го нарекувам јас. Единствено нешто што мене ми пречеше се високите потпетици кои што се лизгаат при играњето, но, се привикнав со тек на време. Провокативното воопшто не ми пречи, ова е сепак шоу кое дозволува провокација во соодност со танцот,изјави Викторија Лоба.
Организаторите на „Танц со ѕвездите“ веќе ја најавија и втората сезона од шоуто, така што гледачите повторно ќе имаат можност да гледаат нови јавни личности во улога на танчари и се разбира костими изработени во согласност со потребите на сценариото.