Караванот кој носи радост оваа година го прославува 10-от роденден и по повод јубилејот подготви одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.
Баскерфест 2015 започнува на 12 јуни, а ќе трае се' до 13 јули, односно точно месец дена. Во Скопје официјалниот почеток е на 12 јуни со траење до 21 јуни. Традиционално, фестивалот ќе се одржува во центарот на градот. Покрај Скопје, Баскерфест ќе се одржува и низ поголемиот дел градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.
За оваа година најавено е учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година, тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган се само дел од она што не' очекува.
Македонија месец дена ќе жонглира во ритамот на уличната уметност.