Анџелика Кенова: Јас сум жива кукла!

27 мај 2015

Анџелика Кенова е името на 26-годишната Русинка, новата вистинска Барбика. Оваа девојка од Москва, сè уште живее со нејзините родители, кои се опседнати со контролирање на нејзиниот изглед, но и живот воопшто. Така, тие ја контролираат нејзината храна, програмата за вежбање.

-Како што растев, родителите ме гледаа како принцеза, никогаш не ми дозволуваа да излегувам навечер со другарките, да излегувам со момчиња или пак да имам сексуални искуства. Како резултат на тоа, јас не сум подготвена за реален живот. Јас сум жива кукла – вели Кенова.

Уште од раѓање родителите ја облекувале како Барбика и можела да оди на состаноци со момчиња, само доколку нејзината мајка ја придружува. Да биде работата уште побизарна, која сака да биде детски психолог и балерина, а и модел, постојано позира за фотографии на кои е полу-гола, кои нејзините родители ги одобруваат.

Она што Анџелика го потенцира е дека нејзиниот изглед на кукла е природен, без било каква пластична интервенција, што ѝ овозможило и илјадници обожаватели на социјалните мрежи.

-Моите родители не сакаат да си одам од семејната куќа. Не ми е дозволено ниту да купувам облека без мајка ми. Таа ми избира облека што ќе соодветствува на моето тело и ќе ги истакне моите добри страни. Исто така, мајка ми инсистира да оди со мене кога имам состанок со некое момче. Морам да резервирам маса за тројца, за да може и таа да седи додека момчето и јас вечераме. Токму затоа и не сум имала момче, во нормална смисла на зборот. Сите момчиња што ги знам ми се пријатели, за жал – искрена е младата Русинка.

Таа додава дека нејзините родители многу вложуваат во тоа да успее како модел и се многу горди на сексапилните фото-сесии.
-Драго ми е што ме поистоветуваат со Барбика, бидејќи таа е идол на девојчињата ширум светот. Родителите ме викаат „принцеза“ и секогаш ми ги купуваат најдобрите играчки – признава моделката.

Иако многумина веројатно се шокирани од ова што го читаат, екстремноста оди дотаму што, од друга страна, на Аџелика ѝ е овозможено најдоброто и најскапото образование што можете да си го замислите.

-Ме пратија на најпрестижните образовни установи и се погрижија да ме заштитат од секакви проблеми. Може да се каже дека родителите ми обрнуваат премногу внимание. Не ми е дозволено да правам било што без нив или без тие да одобрат.

Она што секогаш ѝ е дозволено, секако, е да се облекува како кукла.

-Јас не си ја избрав оваа слика за мене, слика на кукла. Моите родители го направија тоа. Кога наполнив шест години, мајка ми почна да ми купува колекции на Барбики и да ме облекува како нив со голем ентузијазам. Инаку, и таа била многу убава во нејзините млади години. Наликува на Брижит Бардо. Ѝ се допаѓала убавината на Барби, златните кадрици, убавото лице и убавите облеки, па ме натера да бидат токму таква. Се случува да позирам со часови во огледало и да изведувам перформанси за родителите на моите пријатели. Сите ме нарекуваат „Руската Барбика“ – раскажува Анџелика.

Оттогаш па сè до сега, мисијата на оваа млада девојка е да ја имитира познатата кукла и да им угоди на родителите.

родителите на Аџелика на нивната венчавка родителите на Аџелика на нивната венчавка

-Кога станав тинејџерка, родителите вработија личен тренер за мене. Тој осмисли вежби со кои ми помага да ја одржам половината толку тенка. Со него вежбам два-три часа пет пати во неделата. Исто така, наутро џогирам. Тој ми кажува и како да се хранам, но не сакам да ја откријам диетата, тоа е тајна.

Анџелика со личниот тренер Анџелика со личниот тренер

Инаку, Анџелика добива стотици писма од нејзините обожаватели и ги советува нејзините следбеници секогаш да се смеам и да се сакаат себе, бидејќи според неа, тоа е тајната на природната убавина.

На прашањето, како се замислува во иднина, Русинката вели дека би сакала да биде Плејбој зајачица еден ден. Но, со оглед на животот што го живее, тешко дека тоа ќе се случи наскоро.

-Според тоа колку години имам, би требало да сум независна, но моите родители инсистираат да живеам со нив. Знам дека е лошо мајка ми да ме „дружи“ на состаноци и дека до сега требаше да бидам своја, но едноставно не можам. Навистина си го сакам семејството и не сакам да ги вознемирам. Ако некогаш се одлучам да живеам одвоено од нив или направам нешто што тие нема да го одобрат, ќе биде скандал! Но, се надевам дека ќе го најдам својот принц и моите ќе го одобрат. Сè уште ја чекам мојата вистинска љубов. Не ми се допаѓаат слатки момчиња. Сакам мажи на кои во очите им се рефлектира силата и гордоста. Исто така, сакам мажи што не се самобендисани и задлабочени во својата појава. Тоа е многу непривлечно. Мојот иден сопруг треба да има и успешна кариера. Се надевам дека еден ден ќе излезам од стакленото ѕвоно на моите родители и ќе бидат слободна. Никогаш не е доцна да се започне независен живот – се надева Анџелика.


Ова животно (не)искуство е само показател до каде може да оди нереализираноста на родителите, потребата од контролирање на нештата и неприфаќањето на реалноста.

Животот што оваа млада Русинка го живее во најмала рака е страшен, и покрај најдоброто образование или облека и личен тренер... Иако ја посакува слободата, стравува од реакциите на родителите и нејзината желба за нормален живот не е доминантна врз желбата на нејзините родители. Во оваа приказна, и покрај убавината на ова девојче (а ни тоа не може на вистински начин да се доживее), нема ништо убаво. Напротив, ова е пример за сè што не треба...

Објавено:
27 мај 2015
Категорија: 
Стории