1000

Ако ги гледавте „Сексот и градот“ или „Вил и Грејс“, или пак спотовите Deja Vu и Bonnie&Clyde на Бијонсе, тогаш со сигурност сте ја забележале и една прекрасна розова чанта.

Се работи за моден додаток од куќата Ермес, познатата Биркин чанта, изработена од крокодилска кожа, украсен со 18 каратно злато и дијаманти, кој деновиве се најде на аукција и достигна рекорд.

Овој луксузен примерок достигна 222.219 долари на лицитацијата одржана во Хонг Конг. Идентитетот на купувачот не се открива.

Инаку, претходниот рекорд за најскапо продадена чанта го држеше исто така Биркин од крокодилска кожа, која во 2011 на аукција во Америка беше продадена за 203.150 долари.

Објавено:
2 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци