Fashionel препорачува: Givenchy Very Irrѐsistible за долги, романтични прошетки!

27 јуни 2015

Fashionel во соработка со Cosmo дрогерии препорачува...

Со оглед на тоа што линијата Very Irrѐsistible на Живанши е инспирирана од неговата единствена и најголема муза Одри Хепберн, тогаш само можеме да замислиме какво богатство направил тимот овојпат!

Од модната куќа ова лето нѝ го презентираат новиот Givenchy Very Irrѐsistible Mes Envies, дел од нивната лимитирана едиција со неодоливо пакување збогатено со цветна панделка што може да се користи и како моден додаток. Неверојатно сензуален, направен од свежи рози со додатоци од мистични растенија, новиот Givenchy Very Irrѐsistible сега може да го набавите по супер цена ексклузивно во Cosmo дрогериите.

Разгалете се себеси ова лето и дозволете мирисот на розите да говори за вас...Бидејќи како што и самиот Хјуберт Живанши рекол: „Луксузот е во секој еден детал“!

Во месец јуни, од Cosmo дрогерии имаат уште многу изненадувања за кои може да дознаете на следниот линк!

Објавено:
27 јуни 2015
Категорија: 
Убавина