Четири интересни начини како да врзете марама на глава

7 јули 2015

Во летниот период стилизираните марами за на глава се одлична алтернатива на шеширите, а истовремено се практичен начин како да ја одржите средена вашата фризура во текот на целиот ден.

Ваквите модни додатоци носат посебен егзотичен шмек и благодарение на нив и наједноставниот изглед добива магична завршница. Соланж Ноулс и Ева Мендез се само дел од познатите дами кои точно знаат како да го комплетираат својот стил токму со марами врзани на различни начини.

Изборот на бои и дезени е богат, па лесно може да ги комбинирате со било кое летно парче од вашиот плакар, дури  и ако се работи за елегантен и класичен костум или шарен бохо фустан.

Во продолжение издвојуваме четири  начини на врзување  марама на глава кои се објаснети во неколку континуирани чекори.

 

 

 

 

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Направи сам