Познатите во кампања за спас на Арктикот

16 јули 2015

Повеќе од 60 познати личности, најголем дел од нив Британци, се обединија во акцијата на Greenpeace под назив „Save the Arctic" (Спасете го Арктикот) со цел да апелираат за еколошката катастрофа која му се заканува на овој дел од нашата планета, а по најавите дека е можно компанијата „Shell" да го загрози со нафтени ископи, овој недопрен дел од природата.

Кејт Мос, Рита Ора, Кајли Миног, Стела Мекартни, Памела Андерсон, Наоми Кембел, Сиена Милер и уште голем број јавни личности, позираа во маички што ги дизајнираше познатата активистка и дизајнерка Вивијан Вествуд со порака "Спасете го Арктикот". Маичките се изработени од природен памук што не е третиран со никакви хемиски процеси, што ја следи еколошката порака на кампањата.

Сите што учествуваа во оваа кампања ја потпишаа и петицијата за стопирање на експлоатацијата на Арктикот, а фотографиите се поставени во лондонската подземна железница што се наоѓа во непосредна близина на седиштето на компанијата „Shell" .

„Луѓето знаат дека топењето на ледот на Арктикот ќе влијае на климата на целата планета. Ако сакаме да го заштитиме, мора да делуваме веднаш!", порача страсната еколологистка, која повика на масовно приклучување на оваа кампања.

 

 

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
83 пати