Ресорт колекцијата на Алтузара за 2016 година нуди женствени и елегантни креации. Така, сите дами што го претпочитаат овој моден стил и се пронаоѓаат, веруваме дека ќе имаат макар едно омилено парче од оваа колекција.
Од Алтузара презентираа парчиња за повеќе пригоди кои се идеални за летните жешки денови. Иако изборот на чевли е несекојдневен и ретко кој би се одлучил да ги носи (а да не му направи проблем при чекорење), сепак парчињата облека се и повеќе од тренди.
Макси фустани, деловни и секси костими, плисирани здолништа, ѕвонести панталони се само дел од нештата кои тие ги предлагаат.
Исто така, оваа ресорт колекција вклучува и присуство на принтови и комбинации на бои. Особено внимание привлекуваат фустаните што наликуваат на оние од 1970-тите, со колор-блок комбинација во горниот дел.
Сепак, не би рекле дека оваа колекција ја црпи сета инспирација од оваа епоха, што несомнено е и повеќе од доминантна во модните изрази на дизајнерите и брендовите.