Ријана и Луис Хамилтон во врска?

8 август 2015

Иако ваквите гласини сѐ уште не се потврдени, новите фотографии од холивудската двојка покажуваат дека Луис Хамилтон и Ријана сакаат да поминуваат време заедно.

Откако претходно ги видовме заедно на карневалот на Барбадос, овие денови тие уживаат на Карипските острови заедно со своите пријатели.

За ова патување, сексапилната Ријана се одлучи за дводелен костим за капење со тропски мотиви, додека шампионот во Формула 1 уживаше во куси панталони со принт и едноставна бела маичка со бројни модни додатоци.

По којзнае кој пат, пејачката го покажа нејзиното одлично тело кое речиси секогаш сака да го украси со ланчиња, алки и марами за кои знаеме дека стануваат тренд во истиот момент.

Додека овие гласини не се потврдат, погледнете ги нивните заеднички фотографии од одморот.

Објавено:
8 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.877 пати