Никола Маџиров избран за член на европското книжевно жири за 2015

24 август 2015

„Европската асоцијација на книжевници" со седиште во Париз, го избра Никола Маџиров за член на европското книжевно жири за 2015 година, заедно со уште девет автори од девет европски земји. Тие предлагаат и избираат европски дела кои заслужуваат да бидат преведени на повеќе европски јазици. Финалната селекција насловена како „Финеганова листа" се испраќа до сите европски книжевни центри.

Во градот Галвеј во Ирска, по ѕидовите се исцртаа мурали според поезијата на Никола Маџиров и шкотскиот писател Ирвин Велш, авторот на култниот роман „Треинспотинг".

Во текот на следните два месеци Маџиров ќе настапи во Црна Гора, Романија, Шпанија, Тајпеј, Хонг Конг, Сингапур, Куала Лумпур, Шангај, Пекинг и уште неколку градови во Азија.

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.393 пати