Работната недела започнете ја во елегантно издание составено од две клучни парчиња кои денеска ќе ви завршат голема работа. Носиме црни панталони со совршен крој и ги комбинираме со маичка од тантела во темно црвена боја. Комбинацијата ја надополнуваме со црна модерна чантичка и високи потпетици со крем панделка во предниот дел. Од накит, носиме часовник во црна нијанса и обетки што дополнително ќе ја истакнат убавината на вашето лице.

Објавено:
31 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.285 пати