модел

Ако сакаш да го промениш светот, треба да тргнеш од себе!

Интервју со
Сара Миленковска
2 септември 2015

Со брзото темпо на живеење, речиси и да немаме време да се концентрираме на суштинските работи што би можеле да го променат светот, а кои се и повеќе од важни. Овој септември, започнуваме со серијал интервјуа со интересни личности од нашето секојдневие кои навистина имаат што да кажат. Токму со нив, разговаравме за пет работи што би можеле да влијаат и на било кој начин да го променат светот на подобро. Првиот дел од интервјуата и го посветивме на македонската манекенка и млада девојка која има навистина уникатни гледишта на животот и светот воопшто. Со Сара Миленковска разговаравме во нејзиното старо маало, каде направивме и неколку фотографии, но она што таа ни го раскажа, беше навистина поважно од сѐ останато.

Уживајте и освестете се!

 1.

За првата работа што сметам дека би можела да го промени светот, тргнав размислувајќи од она што е клучно и најважно во однос на тоа како се креира одредена личност. Сметам дека едукацијата е многу важен процес на кој доколку би ставиле најголем акцент, како што ставаме на некои други работи во општеството, тогаш многу работи би се промениле, од аспект на тоа дека во моментов 50 проценти од девојките во светот немаат пристап или не посетуваат училиште. Кога би ги промениле сите тие параметри, воедно би го промениле и квалитетот на образованието како еден многу важен процес за луѓето и општеството. Сметам дека на тој начин многу проблеми би биле или намалени, или целосно решени, бидејќи луѓето повеќе би се фокусирале на науката и важните работи отколку на некои неважни, меинстрим работи. Сметам дека со ова би влијаеле врз она што е најважно, односно етичката едукација меѓу нас и меѓу децата, што понатаму ги детерминира сите човечки односи.

 2.

Втора работа што би го сменила светот, е промената на односот на луѓето кон планетата земја, тргнувајќи од тоа како луѓето секојдневно се однесуваат со неа и колку всушност не се свесни дека со секој чекор, односно со секое нивно однесување, имат огромно влијание што подоцна ќе се одрази на нас и луѓето кои ќе треба да продолжат да живеат на оваа планета. Проблемот е што не е само односот на луѓето, туку корпорациите, организациите што на никаков начин не се обидуваат да ги спречат огромните и штетни влијанија што во моментов се случуваат. Сметам дека луѓето не се доволно свесни колку е опасна ситуацијата на планетата земја, тргнувајќи од тоа дека на пример главниот извршен директор на Нестле смета дека водата за пиење треба да биде привилегија на богатите! Ако денеска имаме луѓе кои даваат такви изјави, за жал за некое време, таквиот нехуман пристап на директорот ќе стае реалност, баш ако продолжиме на начинот на кој се однесуваме. Сметам дека ова е една од најклучните и најважните работи што би можеле да го сменат светот.

3.

Како трета работа би ја ставила уметноста, од аспект на тоа дека таа не би го променила, туку континуирано го менува светот, дали тргнувајќи од модните писти, кои што иако некој ги гледа како модна индустрија, јас сепак би рекла дека тука има многу голем простор за модна уметност и јас тоа го гледам како вид на уметност. Можеме да кажеме дека и луѓето вложуваат во својот животен стил и на тоа гледаат како еден вид медиум. Сепак е многу важно и како самата индивидуа успева преку тоа што е во нејзе, преку талентите, преку било каков медиум да го менува светот.

4.

Четвртото на еден начин би можело да биде спој од првата и втората работа, бидејќи како резултат на зголемена едукација и воедно пристапот до едукацијата и она што нас нѐ очекува како поголем општествен и еколошки предизвик, е она што би резултирало со вложување во науката. На пример, начинот на кој ние како човештво би одлучиле да вложиме во едно нешто што нас би можело буквално да нѐ спаси, е токму четврата работа што би можела да го промени светот, односно вложувањето во науката. Сметам дека на едно многу повисоко и посериозно ниво е она што ние треба да го таргетираме како општество кога станува збор за вложување во она што би ни помогнало да се извлечеме од ситуацијата во која сега се наоѓа светот. Тргнувајќи од тоа дека луѓето би требало многу повеќе да прават истражувања за тоа како да се спречат маслените дамки во океаните, отколку на креирањето генетски модифицирана храна. Исто така, многу поважно е вложувањето средства за решавање на проблемите со климатските промени, отколку креирањето на оружје за масовна деструкција. Вложувањето во науката на едно многу повисоко ниво ќе не издигне и како луѓе и како општество. Би било одлично ако во моментов повеќе би се фокусирале на одредени откритија и решавање на болести, отколку на пронаоѓање оружја и слични работи. Кога би ги пренасочиле парите кои ги вложуваме за секојдневна употреба и снабдување со оружје, во истражување за нов лек за рак и слично, многу повеќе би се прикажало кои би требале да бидат вистинските вредности на едно општество, отколку оние кои што денеска се. На пример, ако само на еден ден Америка одлучи да не работи нејзината армија, тоа ќе бидат доволно пари за да ја снабдиш Африка со вода на еден ден. На тој начин се гледаат и приоритетите на нашето општество.

5.

Петата работа со која би можеле да го промениме светот е единствено да веруваш во себе и да работиш на себе. Да тргнеш од тоа што, ако ти сакаш да направиш одредена промена во светот, треба да почнеш од себеси, што би рекол нашиот Махатма Ганди (се смее).

Објавено:
2 септември 2015
object(stdClass)#488 (8) { ["nid"]=> string(5) "11898" ["ga_count"]=> string(4) "3788" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690063200" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1690063200" ["fb_count"]=> string(3) "439" }
Прочитано:
3.788 пати