Со оглед на тоа дека денеска е последниот ден од продолжениот викенд, искористете го сонцето и овој ден посветете го на пријателите или пак на самите себе.

Доколу се спремате за прошетка или релаксиран ручек, ние ви предлагаме една удобна комбинација која ќе се совпадне со вашите активности.

Ѕвонарките се повторно во тренд, па затоа ние одлучивме денеска фармерките со благи ѕвонести ногавици да ги комбинираме со блуза во каро-принт.

Рамните чевли и чантата-ранец со реси се во бордо нијанси, со што внесуваме малку повеќе боја во основата на комбинација која е во тегет тонови.

Удобно, со нота од 1970-тите, а сепак тренди. Ви посакуваме релаксиран понеделник.

Објавено:
12 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.526 пати