Венера Мустафа: Секој има приказна

24 октомври 2015

Честа да ја затвори третата вечер на 12-тото издание на Моден викенд Скопје ја имаше гостинката од Косово, Венера Мустафа.

Таа за прв пат се претставува пред македонската публика, која вчеравечер имаше можност да ја види колекцијата насловена како „Сондер – Секој има приказна“.

Венера Мустафа

-Колекцијата е производ на инспирација базинрана на цветови од мочуриштето, фламинго и капки солзи што комуницираат меѓусебе во форма на ткаенини, бои и текстура – објаснува Мустафа.

Во првиот дел беа претставени розови креации, додека во вториот дел доминираше сината боја.

Со користење на неколку едноставни материјали, меѓу кои и органза, дизајнерката повеќе си играше со кроевите и силуетите.

Килоти панталони, фустани со рамен крој, долги елеци со аплицирани букви и бројки, широки панталони и комбинезони се само дел од она што косовската дизајнерка го прикажа како нејзина модна приказна.

Програмата на Моден викенд Скопје продолжува и денеска и тоа со ревиите на брендот Kigili, Митко Занов, Ирина Тошева и Роберт Ивановски. Исто така, во рамки на ова издание на модната манифестација е и Lotus Cozy Cinema, каде меѓу ревиите се прикажуваат документарни филмови од македонски автори.

 

Објавено:
24 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
820 пати