Со камилица во борба против стриите

22 јули 2013

 

Создавањето на стриите зависи од генот, еластичноста на кожата и количината на колаген и витамин Е во телото. За ефикасна борба против стриите потребно е во исхраната почесто да внесувате намирници кои се богати со витамините К, Е и Ц. Истовремено загрозените места третирајте ги со специјални препарати, а ние ќе ви предложиме нешто кое можете дома сами да го направите.

Измешајте камилица и масло од лаванда и јојоба и смесата нанесувајте ја секој ден на местото каде што ви се појавиле стриите. Исто така можете да измешате авокадо со маслиново масло и лимон и два пати неделно да ја негувате кожата.

Резултати ќе има само доколку редовно ја негувате кожата, а кога стриите ќе почнат да белеат можете да користите смеса која ќе биде мешавина од маслиново и бадемово масло.

 

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Убавина