Стилската еволуција на жените преку фотографија
•
9 ноември 2015
Американската модна историчарка Керолин Рејнолдс Милбанк, сите вљубеници во модата ќе ги поведе во една невообичаена авантура низ временските трансформации на стилот на жените. Таа неодамна ја објави нејзината книга насловена „Fashion: A Timeline in Photographs: 1850 to Today", во која преку 1400 уникатни фотографии прави стилски времеплов во период од 150 години, односно од 1850 година до денес.
Исклучително ретките фотографии, што ја прават оваа публикација уште повозбудлива, го прикажуваат стилот на жените од средината на 19-от век кога популарни биле кринолините се до последната декада кога уличната мода стана највлијателниот сегмент во дефинирањето на модните правци.
Книгата е веќе достапна во продажба на Amazon.com.