Макфест за Василица – празнично уживање

5 јануари 2016

По повод празникот Василица, Македонската опера и балет ја продолжува традицијата на Василичарскиот концерт кој оваа година за прв пат ќе биде под мотото „Макфест за Василица".

Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари и 12 поп рок пејачи низ 15 рефрени ќе го пренесат најдоброто од 25 години Макфест.

„Оваа година направен е избор од најслушаните рефрени испеани на фестивалот „Макфест". Публиката ќе има можност да ужива во популарните: Кога те нема, Свирете ја зајди, зајди, Еден бакнеж и магија се стори, Кој да ти каже Ивана, Ангели ме носат и многу други. Ќе ги исполнат најпопуларните ѕвезди од македонската естрада: Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски. Ќе ги придружува Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска", се вели во соопштението од МОБ.

Билетите за двата концерта се со цена од 800/1000/1200 денари и сe пуштени во продажба на билетарницата на МОБ и online на www.mob.com.mk.

Објавено:
5 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
478 пати