Поп дивата Џенифер Лопез го имаше своето деби во Лас Вегас, а како што многумина очекуваа, единствената Џеј Ло приреди вистински спектакл.
На неверојатното шоу се појавија голем број познати личности меѓу кои и Џастин Бибер, Роси Хантингтон Вајтли, T.I, Ne – Yo и многу други.
На сцената таа се појави во неверојатни костими што светските дизајнери ги направија за неа, од кои најголем дел ги изработи нејзиниот омилен Зухаир Мурад, потоа Донатела Версаче која ги збогати костимите со вкупно 260.000 Сваровски кристали, но и младиот Мајкл Костело кој направи одлични светкави комбинезони за пејачката.
Таа беше вистинска сензација на сцената од каде на бројната публика ѝ испеа некои од нејзините најголеми хитови меѓу кои и If You Had My Love со која ја отвори вечера, Jenny from the Block и уште многу други кои оставија најголем впечаток во нејзината кариера.
Во продолжение погледнете ги сите костими со кои Џенифер Лопез направи вистински бум на нејзиното прво шоу во Лас Вегас.