Кломпи – летен „must have“
•
12 февруари 2016
Ако ги обожавате фантастично дизајнираните торби со потписот на Mansur Gavriel, тогаш прогнозираме „љубов на прв поглед" и во однос на првата колекција чевли од оваа модна куќа.
Имено, се работи за кломпи во црна, сина, портокалова, виолетова боја и пудрести нијанси, а со дебели потпетици со различни висини.
За претстојната топла сезона, светските модни дизајнери веќе ги најавија кломпите како задолжително парче во сезонскиот гардеробер, па веќе може да ги селектирате вашите фаворити.