Еко сабота
•
13 февруари 2016
Доколку сакате позитивен саботен ден и покрај облачното време, одберете стајлинг со кој ќе се разведрите себеси.
Нема да погрешите ако одберете здолниште во јака зелена боја и ако го комбинирате со плетена блуза или џемпер во беж или бела боја.
Со оглед на тоа дека последниве неколку денови дождот е често присутен, комбинирајте со високи чизми до колена, а чадорот нека ви биде задолжителен аксесоар.
Нашминкајте се со неутрални, земјени тонови, косата фатете ја „неуредно“ и уживајте во викендот!