Во гардероберот на Тамара Мелон

26 јули 2013

Ако погледнете во плакарот на коосновачката на брендот за чевли Џими Чу ќе забележите беспрекорна организација – редови и и редови на чевли и сандали, фустани сортирани по боја, уредно наредени чанти и мноооогу очила за сонце. „Организиран гардеробер значи живот ослободен од стрес“, смета Мелон. Во видеото подолу таа открива дека плакарот е наместен по категории, дека е опседната со комбинезони и ги има дури 35 само во црна боја, 70-тите години ѝ се омилена модна декада и нејзиниот стил е инспириран од тој период, како и тоа дека обожава модни парчиња со леопардова шара.

 

TM-247-Hi-Res-by-DA-small1

 

 

 

 

Објавено:
26 јули 2013
Категорија: 
Сцена