Утрово се разбудивме со навистина ниски температури кои дефинитивно нѐ натераа повторно да ја извадиме зимската облека од плакарот. Денеска носиме стилски сиви панталони и ги комбинираме со омиленото сиво џемперче со шик светкави ракави. Бидејќи надвор е навистина студено, задолжително со себе понесете си и јакна која ќе ве заштити од ветрот. Стилската комбинација надополнете ја со овие слатки чевли со потпетица и „училишна“ чантичка која секогаш е полн погодок. Усните денеска се неодоливо портокалови, а студеното време никако не смее да ни ја тргне насмевката од лицето!

Објавено:
26 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
963 пати