Каролина во нераскинлива врска со Цаци Паковска

29 јули 2013

Верна на своите корени, убавата битолчанка Каролина Гочева викендов ја преполни Хераклеа во Битола, каде одржа анплакт  концерт од своите најубави песни. Облечена во црн макси фустан, пуштена коса со благи кадрици и минималистичка шминка, нашата најзгодна пејачка блесна пред својата публика која го исполни просторот до последното место. Инаку, на својата официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук, Каролина ги напиша и задолжените за својот изглед на концертот. Изборот на облеката  е заслуга на нејзината долгогодишна соработничка, стилистката Цаци Паковска, додека за шминката се погрижи една од најпознатите битолски шминкерки Ксенија Вангеловска. Како ви се допаѓа Каролина?

 

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Сцена