Трудничкиот стил на Кендис Свануп
•
19 мај 2016
Во редовите на Victoria's Secret во последниве неколку месеци владее вистински „baby boom".
Покрај другите ангели на познатиот моден бренд, неодамна својата бременост ја потврди и супер моделот Кендис Сванпул.
Дека ужива во овој период од животот и во бременоста, доказ се и фотографиите што таа често ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм.
За пофалба е и нејзиниот труднички стил кој во основа може да го дефинираме како бохо, лежерен и романтичен. Па, најчесто нејзин избор се макси широките фустани, со шарени и флорални принтови, комбинирани со чизми до глужд или над колена.