Моќта на виолетовата нијанса
•
30 јули 2013
Модниот уредник Франческа Бурнс истакнува дека нијансата која во минатото била резервирана само за елитата, оваа есен ќе биде наменета за сите. Ова не е тренд кој ќе се однесува на поеднинечно парче, туку виолетовата нијанса ќе преовладува во целосниот аутфит, шминката и модните додатоци.
Дури и модните писти за ревиите на Гучи, Прада и Кристофер Кејн беа во знакот на оваа боја, а во галеријата погледнете ги модните парчиња кои ќе ја одбележат оваа сезона.