Атрактивната шпанска актерка Пенелопе Круз откога пред извесен приод најави дека ќе заплови во дизајнерските води заедно со својата сестра Моника, овојпат се покажува уште во еден подвиг,режирањето.
За првата рекламна кампања на нивната колекција заедно со модниот гигант за долна облека, „Agent Provocateur“, актерката направи семеен спој во комплетната реализација на видеото. Како модел во рекламата е ангажиран нејзиниот сопруг Хавиер Бардем, моделот Ирина Шајк, и нејзината бремена сестра Моника Круз.
Кратката рекламна кампања е снимена во нивниот дом во Мадрид, музиката е дело на братот на актерката, Едуардо Круз, додека нивната мајка Енкарна била ангажирана како асистент на сетот. Новата колекција долна облека насловена L` Agent, ќе биде промовирана следниот четврток.