Спонзорите се откажаа од Шарапова

9 јуни 2016

Во март оваа година Марија Шарапова на прес конференција изјави дека е позитивна на мелдониум, кога се правел задолжителниот допинг тест.

Пред неколку дена Интернационалната Тениска Федерација излезе со конечен став: ја отстрани од тениските терени на две години.

Во извештајот стои дека прекршувањето на Шарапова не било намерно ниту пак смислено, таа не била навремено известена од светската допинг агенција дека тој медикамент го зголемува притисокот и помага да се зголемат физичките способности на спортистот, а мелдониумот е ставен на листа ефективно со забрана од 1.01.2016.

Приказната е дека, со истиот лек требала да престане да го употребува уште во 2006 и тоа им било укажано на нејзиниот спортски и докторски тим.

Понатаму во извештајот се вели дека е самата виновна за сопствената несреќа, на што таа одговори дека ќе се жали до Судот на арбитража за спорт. Шарапова има 29 години и имаше надеж за учество на Олимписките игри во Рио секако бранејќи ги боите на Русија.

Датумот на нејзинот враќање е 25.01.2018 кој и ефективно ќе и го означи крајот на кариерата.
Што се однесува до другата страна на медалот, а тоа се убавите пари од спонзори, ќе и биде извонредно многу тешко да просперира како бренд што продава бренд. Престижниот Таг Хер веќе излезе во јавност дека нема да го обнови договорот со неа, истото го сторија и Најк и Порше.
Од нејзиниот тим велат дека ќе се обиде да продолжи сама во однос на модната индустрија, но аналитичарите велат дека тоа тешко че се одвива.

Во меѓувреме Серена Вилијамс како најдобар женски тенисер воопшто, веќе 11 години по ред е на листата на Форбс како еден од најплатените спортисти. Шарапова за ова нема да има шанси ама баш никогаш.

Објавено:
9 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.189 пати