Летен хит: Овошен маникир

18 јуни 2016

Ако се размислувате како да ги разубавите ноктите во летната сезона, ние ќе ви помогнеме – со овошен маникир.

За момент заборавете на сигурни пастелни нијанси и сменети ги за тропски бои! Лето е период кога се експериментира, особено со изгледот, па зошто да не и со ноктите.

Со оглед дека тропското овошје е апсолутен тренд кога е облеката во прашање, не изненадува што овој принт сѐ повеќе се носи и на ноктите. Усогласете ги со вашата омилена чанта или блуза, или коктел!

Фотографиите во галеријата дефинитивно ќе ве инспирираат. Најпопуларните овошја за вашите нокти се ананас, киви, јагоди, лубеници и авокадо.

Па, одберете ги омилените лакови и овошја, бидете храбри, а со ваков маникир несомнено ќе бидете и впечатливи.

Објавено:
18 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
512 пати