Грејс Кодингтон е новиот модел на Калвин Клајн

6 јули 2016

Она што секој човек на планетава ќе го потврди е дека Калвин Клајн години наназад има едни од најдобрите реклами во модниот свет било кога направени. Без разлика дали повеќе ви се допаѓа Брук Шилдс или пак Кејт Мос во нивните видеа, истите оставија огромен впечаток во модната индустрија.

Како последен модел, брендот ја ангажираше уникатната Грејс Кодингтон со која соработува долги години како една од најголемите во престижниот Вог.

На првите објавени фотографии можеме да ја видиме Грејс во црн костим и црни чевли со нејзината препознатлива црвена коса и насмевка која совршено ја надополнува атмосферата.

„Се чувствував многу поласкано кога ме замолија да бидам дел од нивната реклама, бидејќи истата е полна со многу кул млади луѓе. Тие не можат да мислат дека сум млада, бидејќи не сум, но мислам дека ме сметаат за кул личност, а токму таква е и нивната кампања“, изјави таа.

На снимањето, таа се сеќава на деновите кога снимала реклами и вели:

„Всушност, многу малку работев реклами бидејќи сите мислеа дека многу чудно изгледам. Јас не бев класична убавица, па затоа најчесто ме ангажираа за снимање на едиторијали“, додава Грејс.

За снимањето на оваа реклама ќе каже дека била многу возбудена, бидејќи многу работи се измениле кога таа снимала во 60 – тите и денеска, но ќе потенцира и дека е исклучително задоволна од комбинациите кои Франциско Коста и ги подготвил.

„Носам едноставен сатенски црн костим кој многу ми се допаѓа и рамни црни чевли кои побарав да бидат задолжителни. Има уште еден стајлинг каде носам еден долг фустан што наликува на пижама во кој се чувствував многу убаво“, вели Грејс.

 

Објавено:
6 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
183 пати