Кога Џенифер Лопез слави роденден...

25 јули 2016

Таа е дефинитивно една од најзгодните жени на денешницата, па сосема нормално беше да ја видиме во најсексапилно издание за нејзиниот 47 – ми роденден. 

Во друштво на голем број познати пријатели, Џенифер Лопез вчеравечер го прослави нејзиниот роденден во Лас Вегас каде во моментов се одржува нејзиното популарно шоу кое важи за едно од најпосетените било кога. 

Нејзините гости имаа чест да присуствуваат на приватно шоу кое пејачката го приреди специјално за нејзиниот роденден, по што се пресоблече во секси костим на Балман и беше подготвена да се забавува цела ноќ. 

Според објавените фотографии по социјалните мрежи, дел од забавата биле Ким Кардашијан, Калвин Харис, Френч Монтана, нејзиното момче Каспер Смарт, додека на приватниот концерт се појавил и Кристијано Роналдо, Иги Азелиа, како и дел од семејството на пејачката. 

На Инстаграм, диџејот Калвин Харис објави и кратко видео со пејачката на кое се гледа колку добро се забавувале во прекрасната атмосфера во вилата во Лас Вегас. 

Во галеријата погледнете ги фотографиите кои утрово ги преплавија социјалните мрежи.

 

Објавено:
25 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.548 пати