Ако сте од оние што не уживаат во високите температури, денешниот ден ќе ви биде идеален. Ние одлучивме да му додадеме и романтична нота.

За денес одбравме бели фармерки и блуза во пастелно розова нијанса, со тантелни апликации. Кога се модните додатоци во прашање, комбинацијата ја надополнуваме со беж сандали и мала чанта во слична нијанса.

Доколку преферирате полежерна варијанта, тогаш можете високите потпетици да ги замените за некои балетанки или еспадрили во соодветна нијанса, а љубителите на накит можат да вметнат обетки или дискретен ѓердан.

Ви посакуваме убав петок.

 

Објавено:
12 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
687 пати