Фондацијата Елена Лука објави конкурс за изработка на скица за дизајн на матурска креација. Најдобрите три скици ќе бидат наградени со машина за шиење, a нивните креации ќе бидат реализирани во реномираната модна куќа Елена Лука и потоа ќе бидат хуманитарно донирани на три матуранти кои се наоѓаат во состојба од социјална потреба.
Условите за учество на конкурсот се следниве:
• Да сте на возраст од 15 до 18 години
• Да го пополните образецот за учество и да изработите скица за дизајн на матурска креација
(образецот може да се најде на фејсбук профилот на Фондација Елена Лука: https://www.facebook.com/foundationelenaluka/?fref=ts )
• Образецот заедно со скицата да го доставите по мејл на следната адреса: contact@foundationelenaluka.org ;
или по пошта на следната адреса:
Фондација Елена Лука
Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 130
1000 Скопје
• Краен рок за аплицирање е 30 ноември 2016
За сите дополнителни прашања можете да нè контектирате на следните мејл адреси: contact@foundationelenaluka.org и info@foundationelenaluka.org или на телефоните: 02 3119 113 и 071 207 090;