Ријана како модерна Марија Антоанета

9 септември 2016

Новото издание на списанието на француската уредничка Карин Ројтфелд, CR Fashion Book во целост е посветено на Марија Антоанета.

Ријана ја краси насловната страна, а со неа е направен и цел едиторијал на тема – модерната Марија Антоанета, како „лоша девојка“.

За фотографиите се погрижи Тери Ричардсон, а стилист беше самата уредничка.

-Сакав да покажам дека таа не е само негативец што го презираат, или муза која ја користат. Всушност, не е ниту едното, ниту другото. Таа е прототип на моментална слава, тело, убавина и женственост. Сѐ што било направено од неа и на неа, влијаело на концептот на матријахалното општество, на добар или лош начин – објаснува Ројтфелд за инспирацијата за ова деветто издание.

За неа Ријана е одличен избор, бидејќи може да го претстави сето она што Карин го наведе како опис на оваа легендарна жена.

Објавено:
9 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
651 пати