Конечно дојде и средината на неделата, па иако утрово се разбудивме со пониски температури, тоа не значи дека времето треба да ни ја запре креативноста, туку напротив. Носиме едноставни фармерки со висок струк и ги комбинираме со нежна кошулка со широки ракави во сина нијанса. Комбинацијата дополнете ја со оваа шик тексас јакна со натпис на задниот дел како едни од најпосакуваните модели оваа сезона. Што се однесува до модните додатоци, носиме женствени чевли на ниска потпетица во сива боја и елегантна чанта во малку потемна сива нијанса. Комбинацијата украсете ја единствено со кружни сребрени обетки и уживајте во денот!

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
557 пати