Тренд аларм: Есенски мантил + интересен накит и кошула

27 септември 2016

Ако сте во потрага по парчиња за новата сезона, тогаш веруваме дека на списокот ви е и соодветен мантил. Токму затоа, нашиот денешен тренд аларм го посветивме на ова парче во една интересна комбинација.

Омилените темносини фармерки ги комбинираме со интересна кошула со сини риги и кафени чизми до глужд.

На сето тоа го додаваме светлиот мантил, а стајлингот дополнително го збогатуваме со интересно ланче.

Оваа комбинација е одлична и за работното место, доколку немате веќе одреден дрес-код, како и за прошетки или кафе со пријателите.

На крајот додадете нежна шминка и веќе имате една од најомилените комбинации за оваа есен!

 

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, кошула, мантил: Mango

Ланче: Parfois

Чизми: Bata

Шминка: Елена Андовска

Модел: Антонела Давитковска

Објавено:
27 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.177 пати