Маја Кикириткова, колекција „Во потрага по бесмртноста“

8 мај 2013

APS_4784

„Колекцијата е барокна инспирација низ мојот оптикум и доживување на истиот. Материјата во изработката содржи густи и цврсти материјали, брокат, кој со губење на текстурата преминува во лелеави свили, тантели, надополнети со бисери. Лајтмотив е златната лента која ги поврзува сите модели и игра со тежиштето на сите парчиња. Грубост, едноставност и скротеност низ формите во хомогена смеса, доведуваат до совршен баланс кој плени. Светлината игра главна улога во целиот концепт, нијансите на белото кои контрираат со одблесокот на црната се прошарани со златни моменти кои го симболизираат сончевиот колорит“, ова е концептот на Кикриткова за својата пролетна колекција.

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Колекции