Првите рециклирани патики на „Aдидас“

7 ноември 2016

Минатата година „Адидас“ заедно со непрофитната организација Parley for the Oceans го презентираа концептот за изработка на патики од рециклирана пластика и останат материјал изваден како отпадок од океанот.

Деновиве спортската компанија го промовираше моделот UltraBoost Uncaged Parley .

Горниот дел од патиките е изработен од новосоздадениот материјал Primeknit кој содржи пластика и рециклиран полиестер, како и останатиот дел од патиките. За да се изработи еден пар потребни се 11 пластични шишиња.

Ќе се пуштат ограничен број од 7000 патики. Во продажба ќе се кон средината на ноември по цена од 220 долари.

Објавено:
7 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
891 пати