Претставена есенската детска колекција на Ралф Лорен
•
9 август 2013
Во ексклузивен хиподром во местото Сагапонак близу Њујорк беше претставена детската колекција на Ралф Лорен наменета за есен 2013. На ревијата присуствуваа децата на дизајнерот, синот Дејвид кој е задолжен за маркетинг во компанијата на својот татко и кој дојде заедно со сопругата Лорен Буш, како и ќерката Дилан, сопственичка на позната продавница за бонбони во Њујорк. Младите манекени прошетаа на импровизираната модна писта во коњушницата Волфер облечени во дизајнерски парчиња за следната сезона. Меѓу гостите на настанот беа актерката Џесика Алба и поранешната манекенка Кристи Бринкли.