Никол Кидман во луксузни комбинации за Flaunt Magazine

17 ноември 2016

Актерката Никол Кидман и покрај тоа што е на праг од шестата деценија, сè уште изгледа неверојатно! Како жена која секогаш асоцирала на аристократска убавина и женственост, тимот на Flaunt Magazine одлучи да направи еден луксузен едиторијал со неа за најновото издание.

Облечена во креации од есенските колекции од висока мода, Никол уште еднаш потврди зошто се наоѓа на листите на најубавите жени во светот.

Во едиторијалот Кидман носи креации на „Вјоне“, „Прада“, „Гучи“, „Диор“...

Покрај фотографиите, најновиот број содржи и интервју со актерката, во кое таа помеѓу другото зборува и за тоа како ги одбира улогите и какви бара на оваа возраст:

„Се посветувам на приказните до крај... и на нараторот и значајните женски улоги. Во овие години, времето е бесценето. Нема потреба да го трошам на проекти за кои не сум заинтересирана. Не мора да се потпрете на сè што ќе ви се најде на патот. Имав голема желба да ја однесам мојата драма „ Photograph 51“ во Њујорк, но едноставно не можев. Мајка сум и сопруга, и тоа не одговараше со моето семејство. Овие родителско-професорски оврски и конференции нема да чекаат, на крајот на краиштата“, вели 49-годишната актерка.

Во продолжение погледнете ги останатите фотографии од едиторијалот:

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
349 пати