Погледнете ја новата колекција на брендот Ludus „Emotional Landscapes“

21 ноември 2016

На 15 – ти месецов македонскиот бренд Ludus ја прикажа новата безродова колекција насловена како „Emotional Landscapes“.

Истата ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот „Homogenic“.

Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Ludus. Парчињата ги носеа модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми.

Ова беше експеримент и социјален коментар при кој првите пријавени добија можност да учествуваат на модната ревија. 

Тимот на брендот го објави и видеото од ревијата кое го изработија Анастасија Лазарова, Александар Сандов и Никола Илиевски, а монтажата е на Анастасија Лазаровска.

 

Објавено:
21 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
212 пати