За денешниот стилски двобој одбравме две актерки – Кејти Холмс и Блејк Лајвли. И на двете очигледно им се допаднал фустанот со потпис на Мајкл Корс.

Креацијата е од  тантела збогатена со кристални детали и вез и чини 8.000 долари. Кејти Холмс го носеше изминатиов викенд на настанот „Moet & Chandon Celebrates the 2016 Young Women“. Го комбинираше со беж чевли и без други модни додатоци.

Лајвли пак го носеше овој фустан пред девет месеци, на ревијата на Мајкл Корс на Њујоршката модна недела за есен 2016. И таа го комбинираше со беж обуки, само за разлика од Кејти имаше посветла шминка.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
509 пати