Претставена „Парти колекцијата“ за есен-зима 2016/17 од Ревлон

23 ноември 2016

Викендов во Хотелот Холидеј Ин, ДАКАЛАМА НЕТ - новиот ексклузивен увозник и дистрибутер на производите од реноминираниот светски бренд Ревлон Професионал во Македонија, ја престави Парти колекцијата есен-зима 2016/2017. Врвни фризери од земјава имаа прилика да ги видат и совладаат најновите техники и трендови на боење од светските модни писти, како и секојдневни фризури.

На публиката која што ја сочинуваа преку 300 фризери ѝ беше претставена и новата колекција за нега на косата, Би Фабјулас. Овие производи се достапни за употреба во домашни услови и во фризерски салони. Да се биде убава е секогаш предизвик, како што вели Хали Бери, заштитното лице на оваа линија производи на Ревлон Професионал. Таа истакнува дека сите овие производи ѝ овозможуваат нејзината коса да изгледа соврешено и тоа, во секоја прилика, а токму тоа е она што публиката од неа го бара како актерка.

Покрај оваа линија, преставена беше и линијата на призводи за трајно исправање и виткање на косата, Ластинг Шејп. Линијата е достапна за три вида на коса. Продуктите од оваа линија се нанесуваат лесно, а резултатите се зебележуваат веднаш. Покрај ова, производите од оваа линија обезбедуваат грижа за косата, влијаат на долгорочно редуцирање на оштетувањта на влакното. Клучни придобивки за корисниците на производите од оваа линија се: волумен на косата, дефинираност на фризурата, еластичност на влакното, забележителен сјај, косата е свиленкаста на допир, а резултатите траат долгорочно.

На семинарот покрај останатите, своја презентација имаа и врвните фризери од регионот Војислав Радивојевиќ и Александар Демиќ, познатите миленици на фризерите ширум Балканот, а публиката беше воодушевена од нивниот настап.

Новиот ексклузивен увозник и дистрибутер на Ревлон Професионал производите за Македонија нуди нов, свеж пристап со кој на фризерите постојано ќе им биде прикажувано што е најново во светските трендови за боење и нега на коса и тие нема во ниту еден сегмент да заостануваат. Производите на Ревлон Професионал им се достапни на крајните корисници преку фризерските салони.

На средбата во Холидеј Ин, присуствуваше генераланиот директор на компанијата ВСД Трејд од Белград, Сања Узелац, под чија капа се пазарите на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за произв одите на Ревлон Професионал производите, која истакна: „Сигурни сме дека нашиот нов дистрибутер, компанијата ДАКАЛАМА НЕТ, уште повеќе ќе ја зајакне лидерската позиција на брендот Ревлон Професионал напазарот во Македонија. Тие ќе им обезбедат на фризерите во Македонија да бидат константно информирани за најновите светски трендови кога е во прашање нега и стилизирање на коса,како и за сите производи на Ревлон Професионал кои ја овозможуваат реализацијата на тие трендови."

"Производите на Ревлон Професионал им се достапни на крајните корисници преку фризерските салони, а нашата компанија преку новиот, свеж пристап со кој ќе им овозможи на фризерите постојано да бидат во тек со новитетите во светските трендови за боење и нега на коса и тие нема во ниту еден сегмент да заостануваат." - додаде во својата изјава за медиумите, генералниот директор за Македонија на Ревлон Професионал, Мирјана Свилар-Алексовска.

 

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
310 пати