Black Friday 2016 низ бројки

26 ноември 2016

Американците вчера се бореа за најдобрите понуди во рамки на годинашниот Black Friday. Утрото потоа, излегоа и првите бројки за тоа кој оваа година ги дал најдобрите понуди, а со тоа и остварил најголем приход.

Според првичните податоци, 134.4 милиони Американци планирале да купуваат и да ги искористат поволностите за време на Black Friday.

Од „Таргет“ соопштуваат дека во првите неколку часа од отворањето на продавницата, биле продадени повеќе од 3.200 телевизори во минута. Инаку, вчера тие го надминале досегашниот рекорд на онлајн продажби. Дури 60 одсто од порачките биле направени до паметни телефони.

Од „Мејси’с“ пак, велат дека 16.000 луѓе чекале пред продавницата на Хералд плоштадот, чекајќи да се отвори продавницата, што според грубите проценки е за 1.000 посетители повеќе од минатата година.

„Амазон“ кои минатата година беа прогласени за победници на Black Friday, имаат добри шанси да ја задржат титулата и за оваа година. Имено, во првите неколку часа биле нарачани преку 100.000 играчки.

Генерално, за разлика од другите години, оваа нарачките преку мобилен телефон го достигнале својот максикум.

-Продажбите преку мобилен телефон достигнаа неверојатни 499 милиони долари, во периодот од полноќ па сè до 17 часот попладне на Денот на благодарноста (24.11). Тоа е за 58 одсто повеќе од минатата година. Мобилните телефони станаа стандард во американските домаќинства, а купувањето за Денот на благодарноста на некој начин „скришно“ – вели Тамара Гафнеј од „Adobe Digital Insights“.

Таа додава дека според нивните истражувања, купувалите трошат 1.93 милијарди долари на онлајн купувње на Денот на благодарноста, што е 11.5 одсто повеќе од минатата година и дополнителни 490 милиони долари до 7.30 часот наутро на Black Friday.

Сè на сè купувачите се очекува за време на празничната сезона да потрошат 655.8 милијарди долари, што е за 3.6 одсто повеќе од минатата година.

Стручните лица велат дека Black Friday можеби не е најдобро време за купување на бисери или накит генерално, бидејќи понудите не се привлечни, но е секако добар за купување на апарати за домаќинство и технологија, бидејќи се со најдобри понуди.

Во топ пет понуди се телевизори, ајпад-и, таблети, електрични скутери, играчки за деца.

Од Вал-Март велат дека продале 150 милиони килограми мисирка и шунка за време на овој празник.

Она што е генерален впечаток е дека, празничните понуди почнуваат многу порано од претходно. Ако до пред некоја година се купуваше исклучиво на 24 и 25, сега Black Friday, поради онлајн можностите почнува многу порано, што знае да биде трик за потрошувачите да трошат многу повеќе од планираното.

Инаку, овој тренд е распространет речиси насекаде во светот, но без дозата на агонија и хистерија што и покрај новиот тренд за онлајн купување, сè уште е присутна кај Американците.

 

Објавено:
26 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.336 пати