Пантон ја прогласи за боја на годината, а брендовите како Гучи и Валентино ја сместија во голем дел од нивните колекции.
Оваа фантастична романтична нијанса можевме да ја видиме и кај огромен број комбинации од уличната мода во текот на речиси сите модни недели.
Девојките подеднакво ги сакаа нијансите на розовата, почнувајќи од пастелната, па се до магента розовата за оние што сакаат нешто повеќе.
Речиси сите блогерки и модни уреднички изминатата година направија барем еден стајлинг со оваа неодолива нијанса, а истата беше вистински хит и кај ентериерот како што неодамна пишувавме.
Оваа нијанса е обожувана од многумина поради тоа што веднаш дава еден поинаков, свеж и модерен изглед на сите комбинации, па и на вашиот дом.
Погледнете ги најдобрите стајлинзи со оваа боја и набавете си нешто додека сѐ уште е ултра популарна.