Нов мејкап хит – силиконски сунѓер

3 декември 2016

Благодарение на Интернет, трендовите за многу кратко време стануваат вирални. Доколку често сте присутни на Инстаграм, тогаш сигурно веќе сте го забележале новиот мејкап хит што почнаа да го форсираат мејкап блогерките – силиконскиот сунѓер.

Се работи за изум насловен Silisponge на младиот козметички бренд Molly Cosmetics, сунѓер за нанесување шминка, изработен од силикон.

Наменет е за сите оние што не преферираат да нанесуваат шминка со прсти, а притоа и рационално ја трошат количината шминка. Предноста на овој сунѓер во суштина е тоа што за разлика од „обичниот" сунѓер, троши помалку пудра, а лесно се одржува со топла вода и сапун.

Судејќи според првите искуства при употребата на силиконскиот сунѓер, освен хигиенската предност, како позитивен ефект се посочува и беспрекорното нанесување на пудрата.

 

Објавено:
3 декември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.469 пати