Вториот ден од работната недела повторно го дочекавме со температури под нулата, но повторно ќе ве потсетиме дека тоа не значи дека не треба да бидете стилски. Денеска носиме кусо тексас здолниште и го комбинираме со слатко џемперче со цветни апликации. Нормално, со оглед на тоа што здолништето е кусо, потребни ни се дебели хулахопки со кои ќе се стоплите. За уште поудобен и топол ден комбинирајте ја и оваа бунда од вештачко крзно и црните високи чизми. За уште постилски изглед, комбинацијата дополнете ја со зимска шапка, модерна чанта и очила за сонце.

Уживајте во сончевиот и студен вторник!

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
645 пати