Бел женски блејзер од модната куќа „Александар Меквин“ е креацијата што им се допадна и на Наоми Кембел и на Крис Џенер.

Наоми се појави во Бакингемската палата кон почетокот на минатиот месец во блејзерот изработен од волна и свила, со сатенски црни ревери, кој го комбинираше со бели ѕвонести панталони.

Џенер пак, на еден настан во октомври се појави во истото парче од познатиот бренд, чија цена изнесува 3.295 долари, а го комбинираше со црн „искинат“ џинс, црна блуза, и лакирани црни чизми до глужд.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
271 пати