Веројатно веќе почнавте да го украсувате домот за најубавиот период што доаѓа, па сега е вистинското време за некои нови идеи.

Доколку не сте обожавател на завеси, тогаш имате одлична подлога за украсување на прозорците со што ќе внесете уште поубава и потопла атмосфера во вашиот дом.

Има огромен број идеи кои можат да ви помогнат вашиот дом да изгледа совршено за време на празниците, а меѓу нив најпосакувани се дефинитивно големите ѕвезди кои се и едни од најпродаваните.

На прозорите можете да наредите најразлични аранжмани, но погрижете се тие секогаш да се направени со вкус. Покрај големите ѕвезди, на прозорците овие празници совршено ќе одговараат и светкавите лампиони, светилките, разните хартиени форми и што уште не.

Шведскиот бренд Икеа соопшти дека како и секоја друга година, така и оваа најбарани се големите хартиени ѕвезди кои се чини оставаат најубав впечаток во секој дом.

Она што е особено интересно кај овие украси е тоа што истите и светат, што е дополнителна причина да имате еден таков во вашиот дом.

Инспирирајте се од фотографиите и имате одличен проект за викендот што ни претстои.

Објавено:
15 декември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.338 пати