Погледнете го најскапиот божиќен џемпер

22 декември 2016

„Грдите празнични џемпери“ се вистински хит во САД во овој дел од годината. Некои со задоволство се приклонуваат кон трендот, па доколку ваквите џемпери ви се симпатични, можеби ќе ве интересира како изгледа и најскапиот од нив.

Украсен е со 24.274 кристали Сваровски, а неговата цена изнесува 30.000 долари. „Tipsy Elves“ е брендот задолжен за неговата изработка. Кристалите се нанесувани рачно, па целиот процес на изработка траел 52 часа.

За цената освен џемперот се добива рамка, за тие што би го купиле, после празниците да можат да го урамат.

Инаку, освен со кристали, џемперот е изработен и од премиум волна, а рабовите и шавовите се „појачани“ и има дупла основа.

- Tipsy Elves е познат по реинвентирањето на „Грдниот божиќен џемпер“. Овој пат направивме договор со Сваровски и создадовме уникатна креација. За тие што ќе го купат им советуваме да внимаваат да не го извалкаат, а би било добро и да го осигураат – велат од брендот.

И сосема за крај, ако забележите, во нивната празнична приказна, Дедо Мраз не се вози со ирваси, туку со еднорог.

Како ви се допаѓа најскапиот празничен џемпер?

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.089 пати